Македонија

Меѓународна конференција „Хидроенергетски проекти и заштита на природата – предизвици и решенија”

Меѓународна конференција „Хидроенергетски проекти и заштита на природата – предизвици и решенија" ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Фронт 21/42.

Конференцијата е во рамки на кампањата „Синото срце на Европа”, која има за цел заштита на реките и нивите теченија.

Работниот дел на конференцијата е поделен во неколку сесии, на кои експерти од земјата и странство ќе зборуваат за предизвиците и можностите за зачувување на реките на Балканот, со акцент на хидро-енергетските проекти и заштитата на природата, можностите за заштита на дивите реки и предели, како и еколошките и социјални влијание на малите хидроцентрали.

Во рамки на конференцијата ќе биде проектиран и дилмот „Сино срце”. /МИА

Тагови

Поврзани вести