Македонија

Меѓународен протест за климатска правда во 59 земји

Глобалното протестно движење за климата предводено од младите ги повикува сите граѓани да учествуваат во првиот глобален климатски протест денес 15-ти март.

Оваа форма на политички протест е инспирирана од неделниот штрајк на Грета Тунберг кој почна во август 2018, кога наместо да оди на училиште во петок, таа одеше да протестира пред локалните канцеларии на нејзината влада да бара климатска правда.
Од тогаш, моментумот се рашири на целата планета со огромна брзина. На 15-ти март, учениците од повеќе од 59 земји, од сите континенти, ќе учествуваат во училишните штрајкови.
Целта е да се прати јасна, мирна порака за климатска правда, која ќе бара од сите држави да реагираат веднаш. Главната цел е за сите земји потписнички на Парискиот договор е да го имплементираат во целост.
Линус Штајнмец изјави “Ситуацијата со која се соочуваме денеска е уникатна. Ние сме последната генерација која има реална шанса да ја спречи климатската катастрофа. Според Меѓународниот Панел за Климатски промени (IPCC), имаме помалку од 12 години да ги донесеме промените кои се потребни за ова да се избегне, но ги имаме средствата за тоа. Затоа, итна акција е неопходна. Времето да се спаси нашата планета и климата е сега!”
Штајнмец додава: “Ниту една држава не може да овозможи ефективни решенија за климатските промени или да ја заштити климата. Ние бараме политичка соработка на глобално ниво околу прашањето на климатските промени. Само заедно можат да бидат остварени реални, ефективни и фер решенија. Затоа сме исклучително среќни што се обединуваме за протестот на 15-ти март. Движењата на младите од повеќе од 59 држави од сите континенти стојат заедно и бараат климатска правда. Ако возрасните не ги почитуваат правилата, нема ниту ние да ги почитуваме. Ако политичарите не работат според начелата на Парискиот Договор, ние нема да одиме на училиште во петок, но и во други денови од неделата.“
Лукина Тиле изјави: “Исто така, императив е како млади да го кренеме нашиот глас. Грета застана сама. Сега сме стотици илјади кои стоиме заедно за истата кауза. Секоја недела ни се приклучуваат нови и нови млади луѓе во нови градови и нови држави ”.
Лукина продолжува: “Голем број ученици се приклучуваат на движењето затоа што ја имаат изгубено довербата во возрасните политичари. Ние ја изгубивме вербата во вистинска промена на климатските политики. Изгубивме доверба во иднината на нашата генерација. Кога возрасните не работат одговорно, ние како меѓународно движење на младите сметаме дека е наша должност да бидеме гласот на разумот. Сега е времето да ја спасиме иднината на нашата генерација, имаме верба во себеси и во ова растечко движење.”
Тагови

Поврзани вести