Македонија

Метео: Циклон носи дожд, снег и силен ветер низ Македонија

Метеоролозите најавуваат промена на времето под влијание на циклонска активност, која ќе донесе врнежи од дожд, а на повисоките места и снег.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на квадратен метар. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и во некои повисоки населени места дождот ќе преминува во снег.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој локално може да достигне и над 70 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од -2 степени во Маврово до 6 степени во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од 4 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, проследени со засилен до силен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 10 степени.

Во четврток се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Температурите ќе се движат од 0 до 7 степени наутро и од 6 до 12 степени преку денот.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи, а на планините снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, со температури од -1 до 6 степени наутро и од 8 до 13 степени во текот на денот.

Тагови

Поврзани вести