Живот
Метео: Топло со ниски утрински температури, од утре дожд

Времето денеска во утринските часови ќе биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени. Синоптичарите најавуваат период на релативно топло време.
Утре и задутре ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на грмежи. Потоа, следува стабилно време со пораст на температурите.