Клима

Метео: Се најавува зимски ладен бран проследен со снег на балканот и во Македонија

Во четврток и во петок (2 и 3 октомври) Македонија но и целиот регион ќе биде зафатен од зимски ладен бран од исток и од североисток, односно од Русија. Ќе дојде до формирање на секундарен циклон над Медитеранот и тој ќе услови да имаме многу обилни врнежи од дожд кои полека ќе преминуваат во снег на повисоките места  и на планините каде ќе дојде до формирање на првата  и посериозна снежна покривка за оваа сезона.

Според она што можам да го кажам во моментов  и според најновите излези на прогностичките материјали, на 2  и на 3 октомври снежната граница во Македонија ќе се спушти дури и на помала надморска височина (локално под 1000 метри).

Снег на 2  и на 3 октомври можеме да очекуваме и во повисоките населени места, па дури и во дел од градовите во западните  и во северните предели од Македонија.

Следува целосна  и детална метео анализа токму околу овој зимски бран во првите денови од месец октомври.

Тагови

Поврзани вести