Македонија
Метео: Обилни врнежи и можни поплавувања низ Македонија

Денеска наутро температурите се движат во интервал од 1 до 9 степени, додека во текот на денот достигнуваат од 5 до 11 степени. Во Скопје и околината, утринската температура е околу 7 степени, а дневната се искачува до околу 9 степени.
Поради обилните врнежи од дожд, постои опасност од локални поплавувања. Надлежните апелираат на зголемена внимателност, особено кај возачите кои се движат покрај водотеци.
Се очекува и пораст на нивото на реките и езерата низ земјата како резултат на врнежите.



