Македонија

Метео: Доаѓа нестабилно време: силен ветер и обилни врнежи

Под влијание на силен ладен циклон со центар над Џеновскиот залив, денеска во Македонија се очекуваат пообилни врнежи од дожд, проследени со засилен до силен ветер од јужен и југоисточен правец, кој локално може да достигне над 60 км/час. Можно е и појава на ретки грмежи. На одделни места, особено во западните делови, се очекуваат поголеми количини врнежи.

Поради продор на постуден воздух од север, на планините и на повисоките места над 1000 метри ќе има врнежи од снег, при што ќе се формира снежна покривка од над 10 до 15 сантиметри. Во западните и северозападните предели постои можност снежната граница да се спушти и пониско, па врнежи од влажен снег се можни и во повисоките населени места.

Во Скопје и околината се очекува дожд со засилен до повремено силен ветер од јужен и југоисточен правец. На околните планини врнежите ќе преминат во снег.

Температурите ќе опаднат – утринските ќе се движат од -2 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 6 до 15 степени. Во Скопје, утринската температура ќе биде околу 6 степени, а дневната околу 12 степени.

Тагови

Поврзани вести