Клима

Метео: Доаѓа влажен бран во Македонија, температурите повторно ќе паѓаат

Од среда (15 октомври) па во деновите потоа територијата на  Македонија ќе биде зафатена од нов влажен и поладен воздушен бран од исток и од североисток. Во ваква ситуација ќе имаме зголемена облачност која ќе услови врнежи од дожд во поголем дел од  Македонија. Повремено и локално врнежите ќе бидат пообилни а ќе дува  и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие остануваат да бидат малку под просекот за овој период од годината. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени а преку ден пак тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.

Тагови

Поврзани вести