Македонија
Метео: Денеска дожд , сонце и потопло време за викендот

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекува низ земјава, додека на повисоките планински подрачја врнежите ќе бидат мешани, од дожд и снег со послаб интензитет.
Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од околу 0 степени во Маврово до 7 во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од 6 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со температури од 6 до 14 степени.
Во сабота се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а во источните делови повремен дожд и можни ретки грмежи. Ветерот ќе биде умерен до засилен, локално и силен, со удари над 70 километри на час.
Во недела ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност, со температури до 21 степен.



