Македонија
Метео: Времето денеска: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Во западните делови од Македонија ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.
Најстудено ќе биде во Берово и Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до минус 2 степена. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 15 степени.



