Македонија
Метеорскиот дожд „Персеиди“ виден од Стоби
Античкиот локалитет Стоби е секако едно од најдобрите места во земјава да се фотографира метеорскиот дожд „Персеиди“. Фоторепортерот на „Мета“ се обиде да го долови чувството да се гледа овој астрономски феномен од местото каде пред повеќе од милениум и половина активно се живеело.
Метеорскиот дожд „Персеиди“ врвот на активноста го доживеа изминатата ноќ, меѓу 11 и 12 август, а, инаку, тој може да се набљудува уште од 14 јули па сè до 24 август.