Македонија

Метеорскиот дожд Геминиди го осветли небото над Охрид

Метеорскиот дожд Геминиди деновиве приреди небесен спектакл над Охрид. Овој природен феномен се случува од 4 до 17 декември, а врвот е помеѓу 12 и 13 декември. Спектакуларната глетка над Охрид ја овековечи фотографот Александар Велјаноски.

Метеорскиот дожд е остаток од комета која ја пресекла патеката на Земјата и зад себе оставила честици кои подоцна се судруваат со атмосферата на нашата планета, при што согоруваат и оставаат светлосен траг кој ние го гледаме. Во случајов се работи за астероидот 3200 Фаетон, откриен на 11 октомври 1983 година.

Радијант Геминида се наоѓа во истоименото соѕвездие Гемини (Близнаци). Ова соѕвездие овие денови се појавува на источниот хоризонт околу 18:30 часот, но поволна положба за посматрање зазема околу 20 часот. Радијант е точка на небото од која метеорите привидно се појавуваат. Меѓутоа реално, метеорите од некој рој може да се појават било каде на небото.

Тагови

Поврзани вести