Македонија
Месечна временска прогноза: Јануари – сув и ладен

Сончево, ладно и суво време во текот на целиот месец прогнозираат светските метеролошки сервиси за главниот град на Република Македонија. Во првата половина од месецот температурите ќе бидат над нулата, а во втората половина утринските ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во позитива.
Првата седмица од овој месец ќе ја завршиме со сончево време, ниски утрински и позитивни дневни температури.
Следната недела не очекува претежно сончево време со утрински температури околу нула и дневни температури кои ќе се движат до осум степени. Исто време не очекува и во третата седмица од јануари.
Пад на температурите под нулата и можност за врнежи од снег се најавуваат за последната седмица од месецов. Утринските температури ќе се спуштат до -6, а дневните ќе бидат околу нула степени.
Февруари ќе биде топол месец со врнежи од дожд.