Свет
Месечината се смалува како зрно грозје што се суши

Како што објави НАСА застрашувачки е тоа што земјиниот природен сателит Месечината има свои геолошки својства и активност и на неа, повремено, како и на Земјата и другите планети, се случуваат потреси.

Научниците тврдат дека поради внатрешното ладење, последниве неколку стотици години, ова небесно тело се смалило за 50 метри и тектонски сè уште е активно, а како што велат смалувањето на Месечината е како собирањето на зрно грозје што се суши, но за разлика од кората на зрното, површината на Месечината се распаѓа поради кревкоста, но и поради гравитацијата на планетата Земја.
-Анализата докажа дека ваквата активност е сè уште присутна и веројатно предизвикува потреси и денес, оти Месечината и натаму постепено се лади и смалува, тврди Томас Вотерс, научник од Центарот за Земјата и планетарните истражувања при вашингтонскиот универзитет Смитсонијан и додава дека фотографии и снимки од нашиот природен сателит, исто така, укажуваат на тектонски активности кои се случиле неодамна.
Според НАСА, потресите на Месечината најчесто се случуваат кога таа е најоддалечена од Земјата.