Живот

Месец Јули бил убедливо најтопол откако се водат статистики

На глобално ниво, температурата забележана изминатиот месец е за 0,4 степени Целзиусови повисока од референтната за периодот од 1991 до 2020 година и тоа во услови кога поради природниот феномен Ла Ниња се очекуваше „ефект на ладење“.

Минатиот јули беше еден од најтоплите што било кога се забележани откако се води статистика, соопшти денеска Светската метеоролошка организација, специјализираната агенција на ОН со седиште во Женева.

„Можеме да кажеме дека овогодинешниот јули е еден од трите најтопли досега забележани, со интензивен и долготраен топлотен бран што зафати многу делови од Европа“, изјави портпаролката на организацијата Клер Нулис.

На прес-конференцијата е соопштено дека јули оваа година бил незначително постуден само од оној пред две години, но и за нијанса потопол од 2016.

Тагови

Поврзани вести