Забава
Мерките и затварањата му пресудија на најстариот англиски паб- постои 1.200 години
Пабот Ye Olde Fighting Cocks во Сент Албанс, северно од Лондон, работи од 793 година, барем според нивната официјална веб-страница. „Заедно со мојот тим се обидов сè за да го одржам пабот“, напиша слопственикот Кристо Тофали. „Сепак, изминатите две години беа без преседан за угостителската индустрија и не поразија иако дадовме се` од себе за да обезбедиме континуирана работа на овој повеќенаграден паб“, се вели во објавата на Фејсбук.
Тофали вели дека деловните услови биле „исклучително тешки“ дури и пред пандемијата, но дека затварањата и погрешните мерки на државата биле „погубни“. „Секако дека ми е скршено срцето: овој паб за мене беше многу повеќе од работа и почестен сум што одиграв макар и мала улога во неговата историја“, напишал тој.