Македонија
Медиумите 4 дена шират страв и паника запрашувајќи се дали има мајмунски сипаници кај лице кое им избега од болница
Холивуско сценарио се пласира околу мајмунските сипаници, слично на почетокот на ковид паниката со докторката која тогаш демек пристигнала од скијање во Австрија и исто како и денес избегала и нејќела да се пријави, па семинар, па колеги ....и така течеше неколку недели се додека не се создаде атмосфера на вина кон нејзе што се разболела и дури имаше голем дел на луѓе понесени од пропагандата кои повикуваа на линч на докторката

Според епидемиолозите, овој случај, и воопшто мајмунските сипаници не треба да претставува „голема главоболка“ за граѓаните во земјава, бидејќи, заболувањето, односно начинот на ширење, евентуалните компликации, се далеку понеопасни од корона вирусот.
За него, многупосериозна е ситуацијата со корона вирусот во Македонија. Вели дека високата смртност од компликациите на ковид треба да не загрижува, како и тешките последици кои ги остава болеста на пациентите кои се изборија со болеста, а тоа се речиси сите луѓе и речиси да нема човек кој не го прележа.
Но секако според властите кои чекаат наредба за тоа што да направат понатаму ова не се зема во предвид и може да дојде како во случајот со корона паниката да се наредат затварања, небулозни мерки за заштита, терот и малтретирање на населението и на крајот некаква си “вакцина” кој не помага и не штити “ама ги ублажува сипаниците”.
Ширењето на страв и паника е веќе започнато и очигледно е диригирано, познавачите велат дека системот за ширење на пропагандата со мајмунски сипаници е сличени ако не и еднаков со почетокот на медиумската кампања за ковид 19 и дека безмалку двете започнуваат со холивудски сценариа во кој главниот лик бега, државата како го брка да го фати тој во меѓувреме заразува други и одиме кон вториот дел каде се развива сценариото до драматични зарази, затварања, борби со болеста…итн.
Бидејќи веќе е јасно дека оваа паника мора да е поткрепена со некакви вируси кои научно се дока дека се вештачки создадени, а со тоа логички контролирано се пуштаат меѓу населението и дека со употреба на овие отрови ние фактички сме во воена состојба да се надеваме дека ова лудило побрзо ќе заврши и злосторниците кои го смислуваат ова, а кој може слободно да кажеме дека имаат тешки ментални пореметувања и очигледно вешто се кријат ќе бидат изведеи пред правдата и строго казнети за своите дела.
Ние драги читатели ќе поставиме прашање: дали научно се докажа дека корона вирусот е вештачки создаден, кој го создаде, кој учествуваше во пропагандата и ширењето страв и паника и до каде е потрагата по виновниците?