Храна

Медитеранска салата со фета и маслинки

Тешката храна не ни годи на олку топло време, па затоа салатата е одличен избор

Овој рецепт за салата може да ви послужи како идеален појадок кој е лесен, а сепак ќе ви обезбеди доволно сила за почеток на денот. Пробајте го вкусот на Медитеранот што веднаш ќе ве потсети на мирисот на морето и одморот.

Потребни состојки:
  • 100 грама тестенини
  • Лажица маслиново масло
  • Лажица медитерански зачини
  • 10 маслинки
  • Фета сирење
  • Шака рукола
Начин на подготовка:

Ставете ги тестенините да се варат и додека тие се подготвуваат, измешајте ги маслиновото масло, медитеранските зачини и исечканите маслинки. Исцедете ги тестенините и додајте им маслинки и масло. Потоа, наросете со рукола и парчиња фета сирење. Уживајте во вкусот на Медитеранот!

Тагови

Поврзани вести