ВестиМакедонија
„Михајло Пупин“ во Скопје води голема сметка за проекти поврзани со енергетска ефикасност
Средното електро-техничко училиште „Махајло Пупин“ во Скопје води голема сметка за проекти и содржи поврзани со енергетска ефикасност, која се негува на повисоко и посериозно ниво веќе три години, објаснува за „Екобаланс“ Ленче Спасовска, помошник директор во средното електро-техничко училиште „Михајло Пупун“ во Скопје.
Практицирањето на енергетската ефикасност во скопското средно училиште „Михајло Пупин“ е поврзано со финансии. Но, тие се горди што училиштето може да произведува сопствена струја и на тој начин да се намали сметката за струја.
Во „Михајло Пупин“ имаат посебно опремено лаборатоија за енергетска ефикасност каде што учениците ја користат таа лабораторија и таму постојано ги надградуваат своите знаења.