Свет
Масовно убиство на пингвини на Тасманија
Властите на Тасманија за заштита на природата го истражуваат масакрот на пингвини , за кои се сомневаат дека се жртви на напад на куче.
На плажа во северниот дел на Тасманија биле најдени 58 раскинати тела на пингвини. Властите велат дека ова е втор ваков напад од куче врз поголем број мали пингвини , локален вид на најмали вакви животни на светот.
Се бара одговорност од сопствениците на кучиња на островот , како и казна за сопственикот на кучето кое го извршило масакрот.
,, Ова ќе има катастрофално влијание врз колонијата пингвини. Ќе треба многу време, години , за да се надомести штетата” , изјави Ерик Велер од канцеларијатаз а заштита на птици на Тасманија. Според Велер, убиените птици се враќале во своите гнезда за да ја почнат сезоната на парење.
Малите пингвини достигнуваат височина до 30 сантиметри и живеат околу шест години. Не се загрозен вид , но се под заштита на законот.