Клима
Мапа која покажува која земја колку е подготвена да се адаптира на климатските промени
Климатските промени ќе имаат се поголемо влијание врз животот на земјата, а според научниците, проблемот со кој се соочуваат денешните генерации е сериозен. Секоја земја е погодена на различни начини. Веб-порталот „Индепендент“ креираше мапа која покажува која земја колку е подготвена да се адаптира на климатските промени кои и претстојат. Проектот е на Универзитетот „Нотр Дам“ во САД.
Развиените земји, како целина, имаат повеќе потенцијал да се прилагодат на планетарното загревање. Мапата ја одразува способноста на земјите да реагираат на климатските промени. Меѓу најдоброрангираните спаѓаат скандинавските земји, потоа Велика Британија, Австралија и Јапонија, потоа Канада и Америка и земјите од централна и југозападна Европа.
Според мапата, најголеми проблеми имаат сите африкански земји, освен Боцвана, јужна Азија и голем дел од југоисточна и југозападна Азија.
Кога станува збор за Балканот, најдобро рангирани се Унгарија и Хрватска, додека Романија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора спаѓаат во категоријата од 50 до 59 отсто ризик.