Забава

Малоумен репрезантативец на Албанија извикувал пцовки и навреди на мегафон

Македонците се најдоа на „удар“ по натпреварот меѓу Албанија и Хрватска. Албанскиот малоумен и со пречки во развојот репрезентативец Мирлинд Даку го зеде мегафонот пред усата (изгледа го помешал со нешто друго) и почна скандирање со пцовки кон Македонците, а тоа наиде на реакции.

Со осуда за случувањата во Хамбург излезе и Фудбалската федерација на Македонија. Преку официјално соопштение од ФФМ го осудија потегот на Даку, а го повикаа и јавно да се извини.

„Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлинд Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство.

Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот.

Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит.
Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата.

Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА.

Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлит Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика.

Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти.

Нашата посветеност за промовирање единство, почит и фер игра во спортот останува на прво место“, стои во соопштението на ФФМ.

За време на натпреварот во Хамбург во заедничка режија Албанците и Хрватите националистички ги навредуваа и Србите, а за тоа реагираше и ФСС.

За очекување е УЕФА да им изрече казна на двата фудбалски сојузи поради недоличното однесување на навивачите.

Тагови

Поврзани вести