Македонија

Мали штети предизвика невремето во Радовиш и Струмица

Ветрот и поројниот дожд, кои синоќа ги зафатија Радовиш и Струмица, предизвикаа мали штети.

Според информации од Општина Радовиш, таму има наноси на улиците од земја, а веќе во утринските часови екипите на комуналното претпријатие почнаа со расчистување.

Силниот дожд предизвикал и оштетувања и протекување на покривните конструкции на станбени објекти и домови на радовишани.

Според информациите од Територијалната против пожарна единица на Струмица синоќа околу 02:40 часот на патот меѓу селата Муртино и Банско, пожарникарите интервенирале на отстранување на паднато дрво со што е овозможено непречено одвивање на сообаќајот.

Тагови

Поврзани вести