Македонија

Македонците се вртат кон греење на дрво, во каква состојба се оџаците?

Грејната сезона започна - колку се сигурни оџаците?

Откако државата ја поскапе струја натера многу домаќинства оваа година да бараат алтернативен начин на греење. Со стартот на грејната сезона многу од граѓаните се префрлија на греење со огревно дрво, а неискористените оџаци се опасност од можни пожари. Со оглед на тоа дека пожарникарите во повеќе од половината интервенции гасат ваков вид на пожари апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни , за да спречат поголеми штети на нивните домови.

Многу често во зградите доаѓа до запушување на оџаците, појава на чад и непријатен мирис па дури и до опожарување на становите. Препораката е граѓаните да имаат сериозен пристап кон неупотребуваните оџачки канали и да ги одржуваат чисти.

Иако е забележано значително зголемување на побарувачката за услугите на оџачарите сепак свеста кај граѓаните за овој сериозен проблем не е доволен

Тагови

Поврзани вести