Македонија
Македонците во Голо Брдо се жалат дека се заборавени од Владата во Тирана
Жителите на областа Голо Брдо на границата со Македонија се чувствуваат заборавени и напуштени од албанската влада. Состојбата на патот, мостот Черенец-Требиште, според нив, е доказ за недостиг на внимание што доведува до напуштање на руралните средини, стои во прилогот на албанската телевизија Ора Њуз.

Патот од мостот на Черенец до Требиште, на пример, е во надлежност на Албанската агенција за патишта, а тој, самите гледата е скандал. Од Нур и Залит до Требиште не е ставено рака, тоа е макадамски пат со многу дупки, вели еден жител. За жителите од областа Голо Брдо, тоа е доказ за напуштеност и заборав од албанската Влада.
Македонските села и градови во централна и јужна сегашна Албанија се запоставени и заборавени. Никој не прашува дали сме живи или мртви. Доаѓаат само кога им требаат гласови, а потоа повторно молк, никаква активност, само празни ветувања. Нема никаква реакција од институциите за нашата загриженост. Нема основни услови за живот и затоа секојдневно ја напуштаат истата, се жалат жителите на оваа област.



