Македонија
Македонски и странски волонтери организираат Еко фестивал во Пробиштип
Во сабота, 27 јули, во Пробиштип за првпат ќе се одржува Еко фестивал.
Негови организатори се волонтери од Словачка, Португалија, Естонија и Македонија. Тие изминатиов месец преку програмата „Европски корпус на солидарност“ на ЕУ учествуваа во активности во Пробиштип, Лесново и Кратово за подигнување на општествената свест и за едукација на локалното население за еко туризмот и неговите бенефиции.
Целта на фестивалот, пак, е промоција на eco-friendly животен стил и правење на позелени одлуки.
„Ќе има работилници и многу интересни работи да се видат и направат. Дојдете и донесете ги вашите пријатели со вас“, стои во најавата за настанот.
Фестивалот ќе се одржува на градскиот плоштад, со почеток во 17 часот.
Влезот е бесплатен.