Свет
Влада не подготвува за конфликт со Русија, а хрватскиот претседател контра: Ќе ги повлечам сите војници
Дали моменталната власт во Македонија сака да не внесе во војна со Русија? Хрватскиот претседател ја коментирал ситуацијата во Украина: „Ќе ги повлечеме сите војници до последен, Хрватска мора да побегне од тоа како од пожар“
Министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека постои можност македонската армија да се вклучи во евентуалниот конфликт помеѓу НАТО и Русија на територија на Украина, за разлика од Германија, Хрватска и останати земји од ЕУ од каде стигнуваат поинакви ставови.
Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ денеска ги коментирал случувањата на релација Русија – Украина, како и што ќе направи Хрватска ако дојде до ескалација на судирите.
„НАТО ја зголемува присутноста, ние со тоа не мораме да имаме ништо, ниту ќе имаме нешто. Ако дојде до ескалација ќе ги повлечеме сите војници до последен. Тоа нема врска со Украина, туку во политиката на Бајден гледам неконзистентно и опасно однесување. Ова се случува во предградието на главниот град на Русија и постојат начини Украина да се сочува, барем 99 проценти, економски да и се помогне“.
Истакнал дека откако заминал Трамп, кого демократите го напаѓале бидејќи се однесува како дадилка на политиката на Путин, новата администрација под притисок на републиканците наеднаш врши притисок на Пентагон и Бајден кон Русија да се постават цврсто.
„На Украина местото не и е во НАТО, тие се најкорумпирани на светот“
„Гледам цврст руски интерес во Украина. На Украина не и е местото во НАТО. Тие се една од најкорумпираните држави на светот. Мир. Треба да се смири политичката сцена и да не се дозволи екстремисти да вршат притисок на политиката и затоа Хрватска нема да учествува во тоа. Нема да дозволам, а Пленковиќ нека и се заканува на Русија колку сака. Освен што два пати ја посети Украина, не знае што се случува. Хрватска од тоа треба да побегне, кога е пожар – затворај врата“, додал тој.