Македонија

Македонија на негов терен го елиминираше европскиот шампион

Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва испиша нова страница во својата фудбалска историја и со голот на Александар Трајковски ја победи Италија во Палермо со 0:1.

Последната препрека за Македонија пред Мундијалот во Катар ќе биде Португалија со која ќе играме на гости во во Порто на 28. Овој месец.

Благоја Милевски вечерва приреди чудо со своите момци и ја победи Италија во Палермо со 0:1 со голот на Александар Трајковски во 93. Минута.

„Македонија e држава со големо срце и силен менталитет. Овие момци тоа најдобро го покажаа вечерва. Што можам да кажам после една ваква победа – задоволство е да се работи со вакви момци. Голема благодарност до сите. Благодарам и на роденденските честитки, а оваа победа е најголемиот роденденски подарок. Ме радува што Трајковски кој е тука како дома го постигна победничкиот гол“, изјави Милевски

Тагови

Поврзани вести