Македонија

Македонија може, но не ги користи природните потенцијали за производство на струја

Македонија може, но недоволно ги користи водените потенцијали за производство на струја. Водата, ветерот и сонцето остануваат речиси неискористени. Додека големите економии ги користат природните потенцијали за производство на струја – Македонија само пишува стратегии кои тешко се реализираат. Според вицепремиерот за економски прашања, ваквата слика полека ќе се менува.

Македонија користи околу 1/3 од хидропотенцијалот. Годишно може да произведува околу 5.500 гигават/часови електрична енергија од вода, речиси колку што е вкупното годишното производство на струја од сите енергетски капацитети во земјава.

Дека земјава заостанува на полето на енергетиката, реагираше и европската заедница, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач упати низа критики за земјава во извештајот за напредокот во областа на енергетиката.

  • Балансирањето на пазарот на електрична енергија за жал се уште не е регулирано, во законот се предвидени правила до 1 јануари годинава, но тоа не се случи. Регулаторната комиисја за енергетика се уште е во процес на консултации, но битно е овој процес да се финализира до првата половина на годинава. Како што знаеме во Македонија проблем се слабите ресурси во секторот енергетска ефикасност. И во министерството, и во Агенцијата за енергетска ефикасност не поседувате доволно персонал, рече директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач.

И додека се редат реакции околу законот за енергетска ефикасност, се огласи и министерот за економија. Прашан зошто во извештајот на Енергетската заедница се вели дека се доцни со носењето на енергетските законите, Бектеши рече дека веќе се усвоени уредбите што се во надлежност на Министерството за економија, вклучувајќи ги и одредбите за обновливи извори на енергија.

КРЕШНИК БЕКТЕШИ министер за економија

  • Наведено е дека треба да се донесе нова уредба за нафтените деривати. Како Влада веќе во ноември минатата година му дадовме заклучок и обврска на Министерството за финансии кое е надлежно да ја изработи уредбата и очекуваме за многу краток рок да ја достават до Владата и да ја усвоиме, потенцира министерот за економија, Крешник Бектеши.

Инаку, Законот за енергетска ефикасност цели кон намалувањето на потрошувачката на струја во земјава и од него ќе произлезат обврски кон јавните институции и новите градби. Веќе наредниот месец предлог законот ќе биде усвоен во Владата, а потоа пратен во собраниска процедура.

алфа

Тагови

Поврзани вести