Македонија

Македонија купува 26 илјади мегавати по цена од 210 евра за мегават, има ли подобро решение?

26 илјади мегавати електрична енергија кои ќе чинат 5,5 милиони евра. Според договорот, испораката започнува од денес, а ќе трае до 20 ноември. На веб-страницата на Електрани на Македонија се објавени документите за набавката

Сето ова се случува на прагот на енергетската криза во која влегува државата. Пред само два дена Комисијата донесе заклучок да препорача прогласување на енергетска кризна состојба и заклучокот ќе биде разгледуван на владина седница во вторник. Големото трошење на државата во краток временски рок, наиде на остри критики од страна на опозицијата.

ЗАЕДНО СО ПРВИТЕ 15 МИЛИОНИ ЕВРА КОИ ГИ ПЛАТИ МЕПСО ЗА КРАДЕЊЕ ОД ЕВРОПСКАТА МРЕЖА, ТОА СЕ 20 МИЛИОНИ ЕВРА КОИ ДРЖАВАТА ГИ ДАВА ЗА ДА НЕ ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА. НА ДРЖАВАТА БУКВАЛНО Ѝ СЕ ЗАКАНУВА ДА СНЕМА СТРУЈА ИЛИ ДА ЈА ПЛАЌА ЕКСТРЕМНО СКАПО., СООПШТИЈА ОД ВМРО ДПМНЕ.

Најкрупниот дел од набавката на 26 илјади мегавати по цена од 5,5 милиони евра, односно 15 илјади мегавати, ќе бидат набавени по цена од 228 евра за мегават час, што е и највисоката цена. Остатокот ќе биде набавен – дел за 198 евра, а дел за 205 евра за мегават час. МЕПСО претходно повлекуваше струја од европската мрежа за задоволување на дневни потреби поради намалено производство, а токму поради тоа Владата од буџетот ќе издвои 15 милиони евра.

ВО МЕПСО ЌЕ СЕ ВБРИЗГААТ 15 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ТИЕ ПРЕКРШОЦИ ЗА ТАА СТРУЈА. ЗА ГРАЃАНИТЕ, ЕНЕРГЕТСКИТЕ КОМПАНИИ, СИТЕ НИЕ ДА НЕ ПЛАЌАМЕ ДОПОЛНИТЕЛНА ЦЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ВО ОДНОС НА ПЕНАЛИ, НА МАРЖИ И СЛИЧНО – НИЕ ЌЕ ВБРИЗГАМЕ СРЕДСТВА СЕГА ПРЕКУ БУЏЕТОТ (15 МИЛИОНИ ЕВРА). МЕПСО ЌЕ ГИ ПЛАЌА ТИЕ СРЕДСТВА КОН СИТЕ СНАБДУВАЧИ ИЛИ ПАК МЕЃУНАРОДНАТА МРЕЖА ОД КАДЕ ШТО Е ПОВЛЕЧЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА., ИЗЈАВИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА КРЕШНИК БЕКТЕШИ ВО ПЕТОЧНОТО ГОСТУВАЊЕ НА ТВ.

Министерот упати апел граѓаните да не стравуваат дека кризната состојба во енергетиката значи и дека ќе има рестриктивни мерки во делот со електрична енергија.

“Владата наместо како сега да дава 5.5 милиони евра за купување на екстремно скапа струја, можеше истите овие пари на време да ги инвестира во РЕК,да се наполни депонијата со јаглен и да произведува струја од домашни капацитети. Но наместо инвестиции во РЕК, власта тераше тендери со РЕК. Сега на прагот на зимата јаглен на депонијата има само за два три дена. Ваквото расипништво на оаа влада нема капацитет да се справи со енергетската криза, во која сами не втурнаа, потребни се промени” се вели со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Тагови

Поврзани вести