Македонија

Македонија во првите десет ерозивни подрачја во Европа

Македонија спаѓа во првите десет најерозивни подрачја во  Европа а нејзиниот интензитет е двојно поглоем од европските земји, велат експерите. интензитетот на ерозија во скопскиот регион е колку што е  просекот во државата- алармира професорот на Шумарски факултет Иван  Блинков.  Тој вели  дека како последица од ерозијата се губи почвата и хранливите материи од која најмногу загуба имаат земјоделците,но опасно е и ерозивниот матријал кој може да  се спушти од планината и да заврши во населено место.

„Делот на Водно кој е од Припор до кај Хром е најризичниот, затоа што тука се неколку суводолици кои директно го напаѓаат градот“, вели проф. д-р Иван Блинков- специјалист за ерозија и поплави  на Шумарскиот Факултет

Градежните активности и несоодветните  градби на  Водно може да ја интезивираат ерозијата дколку не  не се преземат соодветни мерки, вели Блинков

„Од патот за Сончев град има места каде се депонираше материјалот од ископот. На одредени места на само педесетина метри од куќите доаѓаат камењата, а тоа не смее да се повтори. На тие градежни места треба да се прават против ерозивни работи за да не страда објект“, вели проф. д-р Иван Блинков- специјалист за ерозија и поплави  на Шумарскиот Факултет

И граѓаните  сметаат дека со градежните активности и нестручната изведба  станбените објекти  на Водно се загрозува безбеднсоста во во градот.

„Не само на Водно  туку за секој објект треба првин да се испита дали тоа земјиште е соодветно за градба на тој тип на објект“,
„Водно треба да биде заштитено, се гради премногу таму“, велат анкетираните.

Експерите велат дека во еден дел каде што поминува трасата за гасоводорт на Водно има ерозивно подрачје,  но како што велат во секој главен прокет мора да има против ерозивни работи.

Сопореде  Законот за води како што вели професорот секоја општина  е обрзана да прогласи ерозивни подрачја и да преземаат соодветни мерки, но за жал оптшините до сега тоа не  направиле ваков проект. Факултетот за  Шумарство изработиле студија за ерозија за Скопскиот регион, според нивната проценка, потребно е да се инвестираат околу 40  милиони евра за да се реши проблемот  на долгорочен план.

извор 24мк

Тагови

Поврзани вести