Живот
Луѓето се обидуваат да ги направат нивните животи „почисти“ а испуштаат значајни детали
Научните откритија се појавуваат побрзо отколку што луѓето можат да ги разберат, па околу секоја научна тема постојат многу митови, а овде спаѓа и екологијата. Луѓето кои се обидуваат да ги направат нивните животи „почисти“ испуштаат значајни детали, или едноставно погрешно интерпретираат одредени мислења и верувања. Па, погледнете некои од најпознатите факти за нашата околина и дознајте ги ситните детали што се кријат зад нив.
1. Мислиме дека откажувањето од месо ќе ја намали емисијата на јаглерод
Без сомнение, месната индустрија емитува повеќе јаглерод од одгледувањето зеленчук. Па, вегетаријанството има позитивно еколошко влијание. Но, производството на одредени млечни производи може да нанесе многу штета. Доколку не јадете месо но консумирате млечни производи, речиси и да не правите разлика. Кога станува збор за исхраната, најдоброто што можете да го направите за планетата е да бидете вегани.
2. Мислиме дека честото вриење вода е штетно
Количеството јаглерод што го емитувате зависи не само од тоа колку често вриете вода, туку и од видот на вашиот вокал. Електричните бокали побрзо ја загреваат водата, но струјата потребна за нив произведува речиси 3 пати повеќе стакленички гасови за разлика од гасот. Па за да ја заштитете околината, најдобро е да користите бокал за на шпорет или шпорет на гас
3. Мислиме дека користењето еколошки детергенти е безбедно
Еколошките детергенти навистина содржат биоразградливи и растителни состојки што не се многу токсични. Но всушност најлошо влијание на климатската промена има вриењето на водата. Доколку најдете еколошки детергент кој е ефективен на ниска температура, тоа е одлично. Во спротивно подобро е да одберете обичен детергент, отколку да ја зголемувате температурата на водата.
4. Мислиме дека купувањето локални продукти ја штити околината
Индустријата за транспорт има големо влијание врз околината, па затоа е побезбедно да купувате локални производи наместо увезени. Колку подалеку патувал продуктот, толку полошо влијание има на околината. Но, локално не секогаш значи најдобро. Квалитетот и еколошката вредност на продуктот зависат од регионот. На пример, истражувањата покажале дека цветовите одгледани во сончевата Кенија емитуваат помалку јаглерод, за разлика од оние одгледани во холандските стакленици. Траењето на транспортот е важно, но не е единствениот факт што треба да го земете предвид.
5. Мислиме дека пелените за повеќе употреби ќе ја спасат планетата
Градските депонии се полни со пелени. Но наводно, пелените од платно се поопасни кога станува збор за глобалното затоплување. И овој пат виновно е перењето на висока температура, сушењето и пеглањето. Се препорачува да купувате пелени за една употреба, или воопшто да не ги употребувате.
6. Мислиме дека нештата се рециклираат во она што биле
Користиме нешто, го фрламе, а потоа тоа нешто е рециклирано и е направено во истиот предмет. Иако звучи едноставно, ова е невозможно. Едно шише не содржи само пластика. Тоа има етикета, лепак, боја и телесни течности. Кога сето ова ќе се стопи, резултира во одвратен продукт кој се претвора во нешто поевтино, како на пример евтини шамивчиња, доколку станува збор за хартија. Воглавно, сè уште ни се потребни природни материјали за создавање нови продукти.
7. Мислиме дека соларните панели се одлично решение за енергетската криза
Соларната енергија ни изгледа најеколошка, бидејќи е природна и лесно обновлива. Ова е вистина, но соларната енергија има ужасно влијание врз флората и фауната кои живеат и растат во близина на полиња со соларни панели. Птиците буквално се спржени сред воздух поради силното зрачење од соларните фарми. Токсичните хемикалии во панелите имаат влијание и врз другите животни и растенија.
8. Мислиме дека поради глобалното затоплување ќе нема зима
Некои луѓе мислат дека бидејќи сè уште гледаме студени зими, глобалното затоплување е мит. Ова недоразбирање е поради нашето недоволно знаење за климата. Повеќето експерти на темата повеќе не го користат изразот „глобално затоплување“ и го заменуваат со „климатска промена“, со цел да се избегне конфузијата.
Доколку температурата се зголеми, тоа не значи дека ќе можете да одгледувате палми во дворот. Зголемената температура на океаните значи зголемено испарување. Ова резултира со повеќе вода во атмосферата која мора да се испразни негде. Тоа значи дека ќе има повеќе снег.
9. Мислиме дека биогоривата ќе го решат проблемот со загадување на воздухот
Растителното гориво не е безбедно за нашата околина. На пример, одгледувањето соја или пченка ја уништува почвата, ја загадува водата во земјата и бара голема употреба на пестициди и енергија. Овие недостатоци ја намалуваат корисноста на зеленчуковото гориво.
10. Мислиме дека одржливиот развој ќе го намали квалитетот на нашите животи
Пол Хокен, американски активист и еколог, смета дека ова не е вистина. Доколку најдеме начин паметно да ги искористиме ресурсите на планетата, нашиот живот ќе биде побезбеден и подобар. Одржливиот развој всушност може да го подобри квалитетот на животот и да стане моќна економска алатка.