Патувања

Луксембург во срцето на Западна Европа

На географската карта тешко ќе ја пронајдете државата Луксембург, поради тоа што таа е навистина мала и се простира на само 2.584 квадратни километри од европскиот континент.

Во срцето на Западна Европа, граничи со Франција, Германија, Белгија и е совршено место за патување до сите поголеми градови во Европа. Главен град и е истоимениот град Луксембург.

Постојат низа причини зошто треба да ја посетите оваа мала, богата земја:

Во главниот град има тврдини, цркви и мали живописни улици, а надвор од градот има неверојатна природа и замоци.

7-prichini-zoshto-da-ja-posetite-luksemburg-najbogatata-drzava-vo-svetot-02.jpg

Не е толку скапа колку што мислите

Бидејќи е една од најбогатите држави во светот, според глава на жител, сигурно очекувате и вртоглаво високи цени, но не е така. Во градот Луксембург цените не се поскапи отколку во Њујорк, Лондон и Париз.

7-prichini-zoshto-da-ja-posetite-luksemburg-najbogatata-drzava-vo-svetot-03.jpg

Има одлична инфраструктура

Автопатите беспрекорно се одржуваат, а од крај до крај можете да ја извозите за 1 час и 20 минути.

7-prichini-zoshto-da-ja-posetite-luksemburg-najbogatata-drzava-vo-svetot-04.jpg

Храната и пијалаците се одлични

Во сендвич помеѓу Германија и Франција, Луксембург има завидна кујна со вкусно сирење, сланина, пита и неверојатни вина, кои сами ги произведуваат. Препознатлив е и нивниот локален алкохолен пијалак „kir“.

7-prichini-zoshto-da-ja-posetite-luksemburg-najbogatata-drzava-vo-svetot-05.jpg

Забавата е умерена

Има одличен ноќен живот, но без сцени и пијани луѓе по улиците.

7-prichini-zoshto-da-ja-posetite-luksemburg-najbogatata-drzava-vo-svetot-06.jpg

Богата историја

Владеењето со Луксембург има уникатна форма, која личи на монархија. Станува збор за т.н. Големо Војводство во кое официјално се зборуваат три јазици: луксембуршки, француски и германски.

7-prichini-zoshto-da-ja-posetite-luksemburg-najbogatata-drzava-vo-svetot-07.jpg

Цигарите се евтини

За разлика од другите земји во Европската унија, цигарите имаат пониски цени поради малите даноци. Нормално, сепак многу повисоки отколку во Македонија.

Тагови

Поврзани вести