Свет
Лондон, град национален парк
Градските власти во Лондон имаат намера да засадат околу 40 илјади дрвја на територијата на англиската престолнина.
Како што е објавено на фејсбук-страницата на Светскиот економски форум, целта на ваквиот потег е да се направи Лондон град – национален парк.
Властите сметаат дека дрвјата имаат голема улога во заштитата на здравјето на жителите бидејќи драстично го намалуваат загадувањето.
Во Лондон во моментов има околу 8 милиони дрвја, со што дури една третина од територијата на градот е зелена површина, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Според некои истражувања, со секоја фунта што се вложува за засадување дрво, Велика Британија заштедува по седум фунти во секторите здравство и животна средина.