Живот

Лист од лоза како лек

Во лозов лист има многу витамини Ц, Е, А, К и Б6, како и ниацин, железо, влакна, рибофлавин, фолна киселина, калциум, магнезиум, бакар и манган.

Ова се најсилните карактеристики на овој моќен природен лек:

Хронична венска инсуфициенција

Според истражувањето спроведено во 2010 година на Катедрата за дерматологија, Универзитетот Фрибург, растителните екстракти на виновата лоза го намалува отокот кај пациенти со хронична венска инсуфициенција. Ова е состојба која го карактеризира проблемот на враќање на крвта од ногата, назад во срцето. Кога крвта тешко се враќа во срцето, нозете отекуваат, предизвикувајќи едем.

Антивоспалително дејство

Лозовите листови имаат благо антивоспалително дејство. Хроничното воспаление е причина за многу сериозни болести, како срцеви заболувања, многу видови на рак и Алцхајмерова болест, но и артритис и болести на дигестивниот систем, како што е Кроновата болест. Додека начинот на живот и генетиката придонесуваат за развој на хронични воспаленија, исхраната која е богата со анти-воспалителни намирници е најдобра стратегија за намалување на долгорочни ризици од болести.

Други бенефити

Лозовите листови се користат за лекување на дијареа, тешко менструалното крварење, крварење од матката, чиреви и вагинални исцедоци. Американците користат чај од овој лист за дијареа, хепатитис и болки во желудникот.

Тагови

Поврзани вести