Македонија

ЛИОН отвара нови пазари во Јапонија и Белгија

Најдобриот производител на кондиторски производи ЛИОН, кој во Македонија го препознаваме под брендот ЛЕОНА во време на светска пандемија успеа да ги отвори вратите за соработка со два нови партнери, од кој за прв пат во далечната Јапонија, како и во европската земја Белгија.

Да се исполнат високите стандарди за соработка со една земја како Јапонија која е синоним за врвен квалитет и прецизност е навистина голем успех за компанијата и гордост за нашата земја.

Со самото тоа што ЛИОН веќе има деловна соработка во повеќе од 30 земји во светот говори за професионалното работење на компанијата која е во постојан раст и со постојани правилни инвестиции особено во полето на врвниот квалитет и професионален обучен кадар.

Во нашата земја производите под брендот ЛЕОНА се веќе добро познати на сите, а со последното лансирање на ЛЕОНА ПРЕМИУМ КРЕМ, првиот македонски крем со најголемо количество на висококвалитетен лешник ЛИОН стана лидер и првенец во производството на како крем во целиот регион и пошироко.

Тагови

Поврзани вести