
Лимонот најчесто е синоним за витамини и добро здравје, но може да биде делотворен и на други начини: за отстранување на дамки од забите, омекнување на кожата, како и за поголем сјај на косата.
Можеби е повеќе типично да се користи во зимските месеци, кога се актуелни настинките и грипот. Тој во себе има изобилство на Витамин Ц, а ова е посебно важно за подигнување на организмот, односно за неговата отпорност. Затоа се препорачува да се зема превентивно и во свежа состојба.
Од останатите начини на кои е делотворен лимонот, може да се споменат:
– За отстранување на евентуалните дамки на забите, кората од лимон е „лек“. Треба да ги истриете забите со кората од лимонот, а потоа добро да ги исплакнете со вода.
Исцеден лимон во вода за бањање може да направи чудо од кожата. А триењето на лактите и останатиот дел од телото каде кожата е погруба, може да помогне во омекнување
Исто така, додавањето на сок од лимон во водата со која ќе ја плакнете косата, ќе ја направи исклучително сјајна.