Здравје

Лековитата моќ на природниот мед

Медот е една од најстарата храна-лек која ја познаваат луѓето. За него запис може да се најде и на папирусот од Теба, околу 4000 години пред н.е.

Лековитата моќ на медот им била позната и на Египќаните, па тие го користеле за лечење на рани, а во Индија се користел за зачувување на младоста на кожата на телото.

Пчелите се едни од најинтелигентните животни, тие не собираат мед од билки кои се хемиски третирани, а за да направат дури и само еден килограм мед мораат да направат околу 50.000 летови.

Препорачливо е да се конзумира медот во текот на секој ден, но притоа од особена важност е истиот да биде природен.

* Карактеристики на медот:

– богат е со биоелектрична енергија, потребна за нашиот организам;

– помага при превенција од рак, содржи антиканцерогени супстанци, меѓу кои се и холин и ацетикиолин;

– медот е добро средство за смирување на нервите и природен лек за подобар сон;

– тој е и добро лаксативно средство, кој ја обвновува цревната флора;

– медот се бори против побрзото стареење;

– исто така може да се користи и како маска за лице;

– помага за враќање на силата по подолг напор;

– исто така е неопходен и при растот на децата и адолесцентите бидејќи врзувајќи го магнезиумот и калциумот во исхраната, делува поволно на растот;

– во мали количини медот од багремот е добар и за ослабнување;\

– во мали количини дозволен е и за луѓе кои имаат покачен шеќер;

– медот е богат со витамини и ензими кои ја зголемуваат мозочната и физичката сила.

* Употребувајте го медот секојдневно

Јадете 2 до 4 лажици дневно мед. Медот ќе ги подмлади вашите ќелии и заштити вашите крвни садови. Исто така е и средство број еден за зајакнување на секусуалната потенција. Медот можете да го јадете самостојно, со млеко, со колачи, со чај итн.

Тагови

Поврзани вести