Свет
Ледено цунами во Канада, видео
Полицијата во канадскиот град Форт Ери ги предупреди возачите да бидат претпазливи во врска со оваа бизарна непогода, што би можела да резултира и со парчиња лед испаднати на патот
.Полицијата презентира видеоснимки од огромни парчиња лед што се прелеваат преку насипот на реката Нијагара во близина на езерото Ери.
Познат и со називот ледено туркање, овој природен феномен настанува затоа што силните ветришта во комбинација со екстремно ниските температури ги туркаат ледените парчиња над потпорниот ѕид.