Живот
Вака изгледаат ледените пештери Менденхол
Глечерот Менденхол е долг 19 километри, се наоѓа на околу 20 километри од центарот на градот Џуно и е една од најпопуларните атракции на Алјаска. Се истакнува со својата сина боја, формирана од минералите и рефлектираната светлина од сонцето.
Уште поимпресивни се ледените пештери во внатрешноста на глечерот. Тие се достапни само за оние што сакаат да пловат со кајак, а потоа да се искачат над глечерот.
Овој прекрасен природен феномен е резултат на глобалното затоплување, што предизвикува топење на глечерите.
Извор: Pandotrip.com
Фото: Instagram