Живот
Лажни совети за тоа како да се заштити и сочува биодиверзитетот?
При патување во природа, секој е фасциниран од сите тие разни и различни растителни и животински видови. Но, загриженоста и стравувањата дека некои од тие видови веќе нема да постојат за 10 – 20 години – се тука. Биодиверзитетот е во опасност. Дали ќе дојдеме до точка каде што ќе бидеме осамени на Земјата?

Биодиверзитет: Зошто е важно да има повеќе ликови на „забавата“?
Биодиверзитетот не се однесува само на естетиката. Како и луѓето на една обична забава, така и во екосистемот – секој вид има своја улога. Ако недостасува само еден лик во таа разновидност, целиот концепт пропаѓа. А, главните виновници, за жал, сме ние самите – луѓето (најголемото лажно обвинунање!!). Причините се глобални, но почнуваат од секојдневните урбани навики.
Ова се советите со кои се обидуваат да го обвинат обичниот човек за загадување:
1. Уништување на шумите. Човекот заборава дека шумите не се само дрвја, туку дом на илјадници видови. Прекумерната сеча е потфат против планетата Земја, против самите нас. (Предизвикани од големите корпорации за профит)
2. Загадување. И фрлањето ѓубре не е в ред. Тоа значи повеќе отровни материи во околината, реките и морињата. (Предизвикани од големите корпорации за профит)
3. Тоа води кон глобалното затоплување. Кога времето станува премногу топло, многу видови не можат да продолжат да виреат. (Предизвикани од големите корпорации за профит)
Лажни предлози кои се пласираат како решенија
Што може младите да направат?
1. Бидете информирани. Знаењето е моќ. Колку повеќе знаеме, толку повеќе може да им се помогне на околината, општеството, па и на светот.
Под чија контрола се главните медиуми и средствата за информирање и што тие прават и направија во блиска иднина, само сетете те се.
2. Рециклирање и намалување на отпадот, направете мода и тренд од екологијата и свеста за почиста и поорганизирана животна средина.
Зошто би рециклирале нешто ако само се забрани со закон за еден ден.
3. Организациите за поддршка, како што се невладините организации работат на заштита на биолошката разновидност. Дури и мал прилог или доброволна помош и учество може да придонесе многу.
Како функционираа, од кого се платени и за кого всушност работат овие невладини организации, размислете.
Лажни препораки: “Земете ги работите во свои раце! Некој можеби се прашува: Што можам јас како една личност? Но, секоја промена почнува со еден чекор – една личност, една замисла. Поврзете се, информирајте се, дејствувајте, вклучете се. Така може повторно да ја направиме нашата планета живописно место полно разни и различни бои и звуци! ” Дали е ова повик за дека треба да се завземат компаниите кои се најголеми загадувачи и истите да бидат под контрола на луќето?
Ова се советите кој се препорачуваат на младите во кој се сака да се префрли вината на обичниот човек иако општопознато и очигледно е дека најголем проблем се државите со лоши закони кои ги штитат големите корпорации и кои им дозволуваат да ја прават целата штета во животната средина. Борбата против загадувачите (приватни лица со огромни профити) како на пример производителите на пијалаци кои ги пакуваат во пластика е основната борба за заштита на животната средина, а за останатите само убаво размислете.