Живот
Крокодил по шест години ослободен од гума околу вратот
Шест години еден крокодил живеел со гума од мотоцикл околу вратот. Обидите на меѓународни експерти за животни да го ослободат од товарот биле неуспешни. Но, медиумите јавуваат за храбра акција на еден Индонезиец.

Крокодилот уште од 2016. година бил гледан со „сраснатата“ гума околу вратот во реката Палу на индонезискиот остров Сулавеси. Активисти за заштита на животните од странство и локалните власти презеле неколку обиди да го фатат и да го ослободат животното од гумата, бил распишан дури и меѓународен натпревар и награда, но без резултат.
Според пишувањето на медиумите, спасувачот е 35-годишен човек од Јава. Тој изјавил дека врзал гулаби и кокошки на стап од бамбус за да го намами крокодилот на брегот, а потоа повеќе луѓе помогнале да го извлечат на копно. Главата на слатководниот крокодил ја покриле со крпи додека ја сечеле гумата, а потоа тој бил пуштен на слобода.
Пренесува dw