Македонија

Чеси фатени при нелегални ископувања на културни добра во Мариово

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против J.M.(25), M.Х.(47) и Ф.K.(52), сите од Република Чешка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

-На 03.04.2025 на место викано „Брест“, мариовско, пријавените биле затекнати во намера да вршат ископ на добра под привремена заштита и културно наследство или природна реткост, а при претрес во куќата каде престојувале биле пронајдени и одземени предмети кои што се користат за ископ на културни добра под привремена заштита, како и монети, златна обетка и прстен од извршен ископ во подрачјето во кое се затекнати лицата, информира МВР.

Тагови

Поврзани вести