Јаболкото или „кралот на есента“, како што уште се нарекува ова вкусно овошје, содржи и до 40 отсто витамин Ц, а изобилува и со витамините А, Е, Б1, Б2 и Б6. Содржи и минерали како калиум, калциум, фосфор и железо. Јаболкото има и силни антиоксидативни својства, а општо е познато дека една јаболко дневнo придонесува за подобро здравје.
Јаболкото најчесто се јаде сирово, меѓутоа може и да се пече, готви, суши, да се преработува во сокови, мармалади, џемови, а познат ни е и јаболковиот оцет.
Просечно, водата сочинува 82 отсто од тежината на плодот, јаглехидрати има околу 12 отсто, масти околу еден отсто, а целулозата се наоѓа во плодот, во количина од околу еден отсто.
Јаболкото содржи и шеќери, органски киселини, а во многу мали количини и сите есенцијални и неесенцијални аминокиселини, арома и боја. Јаболкото е богато со протеински влакна и има благородно дејство за метаболизмот, посебно кога ги јадете со житарици.
Во продолжение прочитајте за што е корисна јаболкото:
Против подуен стомак и расипан желудник – неколку недели, три пати дневно јадете по едно кисело јаболко од средна големина, еден до два часа пред или после оброк.
Против дијареја – јадете изрендано јаболко или компот од јаболко. Посебно се препорачува користењето на кисели јаболка.
За подобро варење – редовно јадете печени или готвени јаболка, или пак компот од јаболка, посебно во зимскиот период. Се препорачува после појадок и вечера да се јадат по две свежи јаболка. Терапијата трае пет дена.
За држење на диети – бидејќи не содржи многу калории (100 грама јаболка имаат околу 40 калории), таа е добар избор и при држењето на диети.
Ова се само некои од придобивките кои „кралот на есента“ ги има по вашето општо здравје, па поради тоа не пропуштајте и оваа есен да консумирате секојдневно јаболка.
Јаболкото го намалува холестеролот и делува позитивно на срцето и крвните садови. Бенефициите кои јаболката ги имаат во однос на кардиоваскуларниот систем доаѓаат благодарение на пектинот и невообичаениот микс од полифеноли во самите плодови. Јаболката го намалуваат нивото на лошиот холестерол (LDL), а исто така и ризикот од појава на запушени артерии и висок крвен притисок. Помагаат во превенцијата од срцеви болести и атеросклероза.