Економија
Кој ја турка Македонија кон сигурен банкрот со новиот буџет од 5 милијарди и 281 милиони евра?
Буџетот за 2023 година ќе тежи 5 МИЛЈАРДИ И 281 МИЛИОНИ ЕВРА, што е за 50% повеќе од буџетот од 2019 година и за 75% повеќе од последниот буџет на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. А во меѓувреме стравување со кризи НУЛА, реализирани инфраструктурни проекти НУЛА.

Ова е насловот на анализата подготвена од Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна вицегувернерка на Народната банка на Македонија
Буџетот за 2023 година ќе тежи 5 МИЛЈАРДИ И 281 МИЛИОНИ ЕВРА, што е за 50% повеќе од буџетот од 2019 година и за 75% повеќе од последниот буџет на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. А во меѓувреме стравување со кризи НУЛА, реализирани инфраструктурни проекти НУЛА.
Што кажа владата со Предлог-буџетот за 2023 година? (кој го немаат парламентарците и јавноста сѐ уште на увид).
Македонија е влезена во период на стагфлација. По нискиот раст оваа година, Владата планира низок раст и наредната година (од 2,9%) и повторно висока инфлација (од 7,1%). Но, проекцијата за растот е опимистичка.
Дежаву од лани (и од претходни години) дека златното правило се применува, односно дека се задолжуваме за финансирање на капиталните проекти. Оваа година капиталните расходи од буџетот иницијално беа планирани на 622 мил.евра, со ребалансот се намалија за 100 милиони евра, и со последната распределба исто така се намалија дополнително за веројатно 100 мил.евра. Остварувањето до номври на капиталните расходи е само 227 мил.евра, а годинава не задолжуваат со нови 600 мил.евра.
Кое златно правило?
ПЛАНОТ за капиталните инвестиции на нов историски врв од 795 милиони евра. Кого манипулираат, себе или јавноста? Па толку немаат кумулативно од 2018-2022 година во делот на градежни и други градежни објекти…таму кај што треба да е инфраструктурата. Вкупните капитални расходи ги планираат на 15% од вкупните расходи во 2023 година, а посекот од 2018-2021 година е 7,5%?!
Проекцијата на приходите во Предлог-буџетот за 2023 укажува дека владата планира да ги примени сите предлози од таканаречената даночна реформа и да започне со прогресивното одданочување кај данокот на личен доход од јануари 2023 година.
Најверојатно ќе се укине ослободувањето на реинвестираната добивка, при што фирмите ќе немаат стимул за инвестиции. Па нели оваа влада беше за поттик на домашните инвестиции? Уште повеќе со буџетот се планира да се зголеми и стапката на ДДВ кај одредни производи, кои имаа повластена стапка, потоа ќе се зголемат сметките за струја зошто владата планира од 1 јануари да ја примени стапката од 10% кај ДДВ на прометот на електрична енергија за домаќинствата (сега е 5%). Ова ќе предизвика повторно ценовен шок и повторно ќе ја подгрее инфлацијата.
Планираното ниво на приходи од 4.587 милиони евра (историско највисоко) за наредната година ќе биде повисоко за 14,8% во однос на 2022 година, при пазете помал економски раст и помала инфлација (зошто оваа година нивото на приходи беше високо заради приливите од инфлацијата). Планираното зголемување на приходите од 288 мил.евра од оваа година или за 303 мил.евра од планот за 2023 година којшто беше во среднорочната фискална стратегија укажува дека не отстапуваат од даночната реформа и прогресивното одданочување.
Консолидацијата на приходите ја започнуваат од оние кои плаќаат даноци, а не од оние кои не плаќаат даноци и никаде не ја споменуваат борбата со сивата економија. Еднаквост во одданочување нема никаде, додека некои општини собираат даноци, а други живеат на сметка на сите нас.
Расходите за наредната година ЕСПЛОДИРААТ. Истите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или 5.281 мил. евра или за 12,6% повисоки во однос на 2022 година. Од историски највисокото ниво од оваа година, во нов историски врв наредната година. Па каде е лимитот? Нема никаква консолидација во тековните трошења.
Во Предлог-буџетот за 2023 година нема ништо за тоа која краткорочна и среднорочна стратегија ја имаат за зголемување на капацитетот на домашното производство на електрична енергија. Не кажаа ниту за стратегијата за субвенциите на земјоделците.
Прва година на примена на новиот Закон за буџети во кои има фискално правило дека дефицитот на општата влада не може да биде повисок од 3% од БДП и прва година на негово прекршување. Буџетскиот дефицит е планиран на 4,6% од БДП во 2023 година.
Во член 10 точка (6) стои: Владата може да отстапи од утврдените фискални правила при настанување на која било од следниве исклучителни околности и тоа: природни катастрофи и екстерни шокови кои влијаат на загрозување на националната безбедност или животот и здравјето на луѓето; вонредна и/или кризна состојба; остри финансиски или економски шокови, кои ќе резултираат со негативен или многу низок годишен реален раст на БДП блиску до нулата, за чие надминување e потребна значителнa поддршка од фискалната политика.
Во точка (7) стои: Отстапувања од фискалните правила се дозволени за реализација на инвестициски проекти со позитивно влијание врз БДП. Отстапувањата не треба да надминуваат 0,5% од БДП годишно и кумулативно во период од пет години.
Прашање: Кое оправдување ќе го даде владата?
Ќе бидеме ли цела година во кризна состојба? Ќе бидеме ли во војна? Или проценуваат остри економски шок и низок БДП блиску до нула раст? Кој остар економски шок, па нели енергетската криза е решена и смирена во Европа (ние ништо не сме знаеле), а вие успешно се справувате со кризава?