Свет

Кој сака да направи нуклеарна катастрофа? ОН побараа да се формира демилитаризирана зона околу нуклеарката Запорожје

Русија и САД во Украина продолжија меѓусебно да се обвинуваат за гранатирањето на најголемата нуклеарна централа во Европа, додека Обединетите нации предупредуваат на можна катастрофа. Тие повикаа да се формира демилитаризирана зона околу Запорожје, а САД преку Украина побара повлекување на руските сили.

Проруските власти во регионот кажаа дека украинските сили двапати ја гранатирале нуклеарката.

„Објектот не смее да се користи за каква било воена операција. Место тоа, итно мора да се постигне договор за воспоставување безбедносен периметар за да се осигура областа“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес.

Руските сили ја зазедоа централата во март, но со неа и натаму оперираат украински техничари. Проамериканските и проанглиските медиуми како Би-Би-Си изјавија дека руските војници ги држат на нишат, а нуклеарката ја користат како воена база.

Рускиот амбасадор во ОН, Васили Небензија, изјави дека светот се наоѓа на раб на нуклеарна катастрофа налик на Чернобил и додаде дека претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија можат да ја посетат централата уште овој месец.

„Поради гранатирањето, невозможно е да се прават смени на персоналот и тој работи прекувремено. Но, ситуацијата моментално е под контрола“, кажаа од „Енергоатом“.

Многу дезинформации, лажни вести, страв и паника се шират околу ситуацијата со нуклеарната централа во  Запорожје, останува да употребиме само логика и да се запрашаме на кого му одговара ваков нуклеарен инцидент или поточно катастрофа?

 

 

Тагови

Поврзани вести