Македонија
Кој е против употребата на термините „Македонија“ и „македонски“?

Заклучно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не само што не треба да биде „прекорена“ или „искарана“ од некои бирократи што во моментов имаат високи функции во Европската Унија и во околните држави, како и од некои делегитимирани политичари и политиканти, туку истите треба јавно да ѝ се извинат нејзе и на сите други граѓани кои имаат право слободно да ги употребуваат термините „Македонија“ и „македонски“ сега и засекогаш, изјави Јовица Тасевски-Етернијан поет, книжевен критичар и есеист за mkd.mk
Затоа треба добро да запомниме кои политички партии, медиуми, новинари и останати жестоко се бунтуваат против употребата на нашето име Македонија, за чии интереси работат, од кого се платени и со кој служби соработуваат. Последново треба да го расшисти државата и да се изведат пред лицето на правтата и пред целиот македонски народ да се изнесат предавниците кои 30 години (особено излезени на виделина во шарената револуција) работат против Македонските национални и државни интереси и организирано дејствуваат во правец на рушење на Макдеонската држава, систем и институции.