Патувања

Градот со четири наследства заштитени од УНЕСКО

Кордоба се наоѓа на околу два часа патување со воз од Мадрид и е единствен град во светот кој во себе има четири наследства заштитени од УНЕСКО. Тоа е повеќе дури и од Рим или Париз.

Градот ги исполнил сите потребни критериуми за заштита од УНЕСКО, дури и оние за универзална трајна вредност и ремек-дело на креативен генијалец.

Што сè можете да видите таму?

Џамијата катедрала

 

УНЕСКО за првпат призна дел од културно-историското наследство на Кордоба за заштитено богатство во 1984 година. Се работи за џамија изградена во периодот меѓу 784 и 786 година. Во 13-от век била освоена од христијаните и пренаменета во катедрала.

maliot-shpanski-grad-so-najmnogu-bogatstva-zashtiteni-od-unesko-01.jpg

Центарот на градот

Центарот на Кордоба е вистински лавиринт од значајни градби, кои потекнуваат од различни периоди од историјата на владеењето.

Архитектурата има римски, арапски и христијански карактеристики, тврдини, традиционални куќи и резиденцијата на владетелите. Центарот е признат од УНЕСКО за светско наследство во 1994 година.

maliot-shpanski-grad-so-najmnogu-bogatstva-zashtiteni-od-unesko-02.jpg

Фестивал на дворовите

Градскиот традиционален фестивал започнал во 1918 година. Жителите ги отворале своите дворови за туристите и соседите, секоја пролет и ги презентирале своите цветни градини.

Во 2019 овој фестивал ќе се одржува од 6 до 19 мај. УНЕСКО го призна како светско наследство во 2012 година.

maliot-shpanski-grad-so-najmnogu-bogatstva-zashtiteni-od-unesko-03.jpg

Стариот град Медина Азахара

Најновото богатство на градот според УНЕСКО е стариот град Медина Азахара, изграден од старите муслимански владетели во периодот меѓу 936 до 976 година.

Тие го изградиле за да ја промовираат независната култура на новоформираниот калифат во средновековна Европа.

Најголемиот дел од градот бил срушен за време на граѓанските војни во 11-от век, но она што останало е прогласено за значајно културно наследство, како за Шпанија, така и за Европа.

maliot-shpanski-grad-so-najmnogu-bogatstva-zashtiteni-od-unesko-04.jpg

Тагови

Поврзани вести