Македонија

Кој да спречи неконтролирана сеча на шумата на Јабланица?

Неконтролирана сеча на шумите во Јабланица. Речиси 15 години како што велат мештаните од струшките села Вишни и Радолишта се соочуваат со неограничено експлоатирање на шумскиот фонд стравувајќи од свлечишта.

Тие на денешниот собир револтирани обвинуваат дека се вадат дозволи за сеча на приватни лица од кои поголемиот дел се починати и бараат да се воспостави мораториум  за сечење дрва на планината Јабланица.

Мештаните стравуваат дека може да останат без вода за пиење бидејќи има намалување на водостоите во вишенските извори и оштетување на локалните патишта.

Инаку уште во 2011 година, на национално ниво, беше покрената иницијатива за прогласување на Национален парк на планината Јабланица заедно со Албанија, но за жал од македонска страна иницијативата е запрена, јавува Сител.

Тагови

Поврзани вести