Здравје
Копривата е кралица на природата
Нема подобар природен лек за прочистување на крвта од копривата. Таа е и борец против слабокрвноста и опаѓање на косата.
Копривата е бесплатен делотворен природен лек со хранлива вредност и одличен извор на витамините А, Ц, Б, D, K, на минералите калциум, калиум, магнезиум, железо, силициум, сулфур и, се разбира, на хлорофил и ензими.
Освен за крвта копривата е делотворна и за висок крвен притисок, алергии, артритис, а исто така и за сите видови кожни заболувања. Најдобро е да се конзумира свежа бидејќи така може да ги внесете сите витамини со кои изобилува.
Доколку не сте знаеле, листовите на копривата содржат 5 пати повеќе калциум и шест пати повеќе витамин Ц од спанаќот.
Доколку сте од оние кои имаат проблем со пролетните алергии кои ќе настапат набргу, важно е да пиете чај од коприва, бидејќи научните истражувања покажале дека токму тој помага за алергиите. Но, пред да почнете да користите сируп, екстракт или чај консултирајте се со вашиот лекар.
Чајот од коприва се користи и за воспаленија кај мочните патишта и спречува појава на камења во бубрегот. Како „чистач“ на крвта, чајот е корисен и за акните. Се препорачува и за лечење на инфекциите на устата, афти или воспаленија.
Семето од коприва кое може да се најде во секоја продавница со здрава храна се препорачува да се конзумира како додаток во било кој чај, или во било која солена храна како зачин, бидејќи е делотворна за регулирање на железото во крвта.